ЈП Национална Радиодифузија – Скопје изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година на износ од 11,396,104 MKD.
Со оваа мерка за предвремено подмирување на своите обврски за данок на добивка, ЈП НРД се стреми кон обезбедување поддршка на Р. Северна Македонија за имплементирање на мерките за заштита и превенција од ширење на Ковид-19.
НРД и понатаму продолжува да нуди 24/7 услуга преку пренесување на ТВ и Радио каналите на МРТ кои овозможуваат навремено пренесување на информациите и програмските пакети до населението во државата а и надвор од неа.
ЈП НРД препорачува сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето.