Основна Дејност

ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации како што се:

  • Развој, проектирање, изградба, одржување и употреба на јавни електронски комуникациски мрежи и средства и обезбедување на јавни електронски комуникациски услуги.
  • Обезбедување пренос, емитување и дистрибуција на радио и телевизиски програми и други информациски содржини наменети за општ прием во слободен простор и по кабловска радио и телевизиска мрежа на територијата на Република Северна Македонија.
  • Пренос и емитување на програмскиот сервис наменет за активностите на Собранието на Република Северна Македонија на целата територија на Република Северна Македонија.
  • Обезбедување, емитување на посебни програми за информирање, зачувување на културните и историските традиции и за одржување и унапредување на врските со иселениците и другите граѓани од Република Северна Македонија кои живеат во соседните земји, Европа и други континенти.
  • Обезбедување на радио и телевизиски врски со радиодифузните системи на други земји во светот во согласност со меѓународните договори што ги склучила, односно им пристапила Република Северна Македонија.
  • Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Северна Македонија со радио и телевизиски сигнали емитувани од Македонската Радио Телевизија, како и контрола и мерење на пречки од други Радиодифузни станици.

Јавното претпријатие дејностите ги врши преку:

  • три радио мрежи на ултра кратки бранови (ВХФ/ФМ),
  • една радио мрежа на средни бранови ( СБ ),
  • три телевизиски мрежи ( ВХФ и УХФ ),
  • дигитален мултиплекс ( ДВБ – Т ) и
  • мрежа на микробранови аналогни и дигитални преносни врски.

Остварување доплонителни активности и услуги со надомест по други радиодифузни мрежи, поврзани со основните дејности, а особено заради целосно и економично користење на техничките и човечки капацитети и тоа:

  • Проектирање, изведба и одржување на радиостаници;
  • Монтажа и одржување на радиодифузни уреди, антенски системи и електрични инсталации;
  • Изведба и издавање уверение за измереното заземјување на радио станиците;
  • Проектирање, изведба и одржување на кабловски дистрибутивни системи;
  • Контрола и мерење на изведените кабловски дистрибутивни системи како и издавање на уверение за истите;
  • Контрола и мерење на квалитетот и покриеноста на територијата на Република Северна Македонија со радиотелевизиски сигнали;
  • Промет на склопови, уреди и опрема од радиодифузната и комуникациската дејност;
  • Издавање под наем на комуникациски линкови и емитување на радио и телевизиски програми;
  • Издавање под наем на дел на инфраструктурата на објектите (деловен простор), а заради инсталирање на радиодифузна, комуникациска и друга опрема, како и издавање под наем на веќе инсталираната опрема и уреди;
  • Одржување на функционални системи, консалтинг и инжинеринг услуги од областа на радиодифузијата и други работи во врска со основната дејност.