Сектор Инфраструктура

Секторот за Инфраструктура ги содржи следните одделениа:

  • ОДДЕЛЕНИЕ АНТЕНСКИ СИСТЕМИ ЧЕЛИЧНИ КОНСТРУКЦИИ И ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЕНЕРГЕТИКА

ДЕФИНИЦИИ

Антенски систем: Представува збир од антени, антенски прибор, кабли, држачи за кабли, разделници и други материјали кои представуваат неразделна целина.Согласно насоката на движењето на сигналот разликуваме приемен и предаен антенски систем.Согласно фреквентниот опсег разликуваме антенски системи за различни фреквентни опсези кои се користат во ЈП НРД. Антенските системи се составени од антени кои се разликуваат по физички изглед кој го дефинира нивниот назив , моќноста, издржливоста на надворешни влианија и друго.

Агрегат: Представува уред кој служи за произвотство на електрична енергија и претставува склоп составен од електричен генератор, мотор, резервоар за гориво , напојни кабли , електрични табли и други пропратни елементи кои представуваат неразделна целина за номинално функционирање на агрегатот.

Радиодифузен објект: Представува објект со кој управува ЈП НРД. Објектот може да биде од видот ѕидан објект , контејнерска изведба , комбинирана изведба.Во рамките на објектот задолжително се подразбира пристапниот пат , антенскиот столб, далноводните стоолбови или било која друга инфраструктура која може да биде предмет на градежни зафати.

Антеснки столб: Представува било каква челична конструкција во форма на платформа, самоносечки столб ( решеткаст или цеваст ) , столб затегнат со сајли, сајли и сите другуи елементи кои представуваат неразделна целина за номинално функционирање на антенскиот столб.

Електроенергетска постројка: Представува комплетан систем од електроенергетска опрема и друга електрична опрема, која е поврзана да врши технолошка функција.

Среднонапонска постројка: Представува комплетан систем од електроенергетск а опрема која е класифицирана на работен напон од 1 kV до 35 kV ( далновод, трафостаница, ВН осигурувачи, пренапонски одводници , раставувачи, столбови, разводни ормари и друго ) .

Нисконапонска постројка: Представува комплетан систем од електроенергетска опрема која е класифицирана на работен напон кој не надминува 1 kV ( далновод, осигурувачи, пренапонски одводници, раставувачи, столбови, разводни ормари, куќна инсталација и друго ) .

Планирање на антенски системи

Во ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ, согласно потребите се менува постоечката мрежа на антенски системи. Планирањето се изведува со помош на стручни внатрешни и надворешни лица, со кои ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ склучува договор за деловна соработка.

База на објекти се користи како база за реагирање, одржување и развој на антенските системи и другата инфраструктура. Тоа е електронска форма на запис и неа, во зависност од потребите, ја ажурира одговорен инженер од антенски системи и Одговорен техничар за градежни работи.

Одржување на антенски системи

Одржувањето на антенските системи, се врши кога за тоа ќе се јави потреба врз основа на пријава за дефект или согласно мерењата при превентивни одржувања. Информацијата за дефектиран антенски систем се добива по пријава од сервисни екипи од секторот или од други сектори , врз основа на изведени мерења при редовни контроли и превентивни одржувања или по пријава (поплаки) од граѓани поради лош приемен сигнал.

Барањата од страна на граѓаните (се однесуваат на кварови, лош сигнал и сл.) се примаат преку Агенцијата за електронски комуникации на Република Северна Македонија или директно се упатуваат до ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ.

Мониторингот, односно контрола на состојбата на објектите на ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ го прават самите тимови кои учествуваат во одржување на мрежата.По констатација на проблем со објекти ја проследуваат усмено информацијата до раководителот на соодветното одделение и до техничарот за градежни работи. По пријавата, Техничарот за градежни работи е должен да направи увид на лице место на објектот и врз ознова на увидот оформи спецификација на потребни зафати , материјали , работана рака и други специфичности кои се потребни за санирање на објектот. Техничарот за градежни работи е должен да го направи истото и при превентивни посети на објектите.

Техничарот за градежни работи на полугодишно ниво прави извештај за состојбата со градежните објекти (слободна форма) во кој дава краток опис на сработеното во претходниот период како и предлог за активности за наредниот период и истиот го доставува до раководителот на секторот за заедничка техника преку раководителот на одделението.Ситните интервенции (столарски, молерски, електричарски и сл.) поврзани со градежните објекти ги прават самите техничари од одделението (по постапка како за антенски системи).

Одделение за енергетика

Главна активност во одделението за енергетика е планирање, развој и одржување на енергетски капацитети.

ЈП НАЦИОНАЛНА РАДИОДИФУЗИЈА – СКОПЈЕ располага со енергетски капацитети од типот (трафостаници, агрегати, електрични инсталации и мал дел на ниско напонски далеководи).

Одржувањето на енергетските капацитети е сложена активност и сите големи интервенции поврзани со нив се извршуваат од страна на екстерно одбрани стручни организации.

Ситните интервенции поврзани за електричните инсталации се вршат од страна на електро техничарите од одделението по иста постапка како и кај антенските системи и градежните работи согласно работен налог.

Проектирање на нови енергетски напојувања се врши од страна на екстерни поддоговарачи а за нивна организација и квалитетно спроведување е одговорен раководителот на соодветното одделение на секторот во соработка со раководителот за заедничка техника.