Сектор Телекомуникации

Секторот за Телекомуникации ги содржи следните оделениа:

  • ОДДЕЛЕНИЕ МУЛТИМЕДИЈА И МОНИТОРНИ

– ОДДЕЛ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКА ОПРЕМА И МЕРЕЊА

 ОДДЕЛ ЗА МУЛТИМЕДИЈА VOIP И СОФТВЕР

  • ОДДЕЛЕНИЕ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖA

 ОДДЕЛ ЗА МИКРОБРАНОВИ ВРСКИ

 РАДИОДИФУЗЕН ОБЈЕКТ – БОРУЛА

Во Одделението мултимедија и мониторинг се врши контрола и мониторинг на целокупната дистрибутивна и емисиона мрежа на ЈП НРД, како и обработката на аудио – визуелните сигнали што доаѓаат и одат кон корисниците.

  • Организирање и водење на тековно одржување и поправка на електронски уреди, опрема и системи, лоцирање и отстранување на дефекти на уреди и опрема.

  • Одделението врши и надзор при монтажа на уреди,опрема и системи.

  • Се грижи за правилно користење на имотот и средствата за работа во одделението.

  • За дневното работење изготвува извештаи и истите ги доставува до сите технички сектори.

  • Истотака се грижи и за два клучни сегмента во системот на ЈП НРД. Едниот е процесирачката опрема во целата мрежа на ЈП НРД. Истата ја одржува, врши лоцирање на дефекти и поправка на електронските уреди, врши конфигурација на програмски мултиплекс. Вториот сегмент е VOIP телефонијата опфатена во целост во ЈП НРД. Телефонијата претставува значајна алка во комуникацијата на сите вработени во претпријатието за непречено одвивање на технолошкиот процес, размена на информации за моменталната состојба во мрежата. Затоа овој сегмент се грижи за непречено функционирање на VOIP системот, навремено одржување и поправка на електронските уреди и апарати.

Во Одделението телекомуникациски мрежи се врши грижа за микробрановата опрема во мрежата на ЈП НРД, како и уредите кој обезбедуваат телекомуникациски мрежи и поврзување со корисници.

  • Одделението врши монтажи на опрема, уреди и системи.

  • Во својот делокруг изведува тековно одржување и поправка на електронските уреди т.е врши лоцирање и отстранување на дефекти на микробрановата врска.

  • Се грижи за правилно користење на имотот и средствата за работа.

  • Подготвува технички спецификации за тендерски постапки за набавка на телекомуникациска опрема.