Сектор Развој и Инвестиции

Секторот за развој и инвестиции ги содржи следните одделениа:

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЛАНИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ И ПРОПАГАЦИОНИ МЕРЕЊА

– ОДДЕЛ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ

– ОДДЕЛ ЗА ПРОПАГАЦИОНИ МЕРЕЊА И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА СИГНАЛ

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ И ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Годишен план на активности во одделението

Раководителот на одделението за планирање, проектирање и пропагациони мерења, изготвува: Годишен план на активности за наредната годинана (во слободна форма) и го доставува до раководителот на Секторот за развој и инвестици, кој понатаму го проследува до директорот на одобрување. Прочистениот и одобрен план е основа за реализација на активностите во наредната година.

Активности на одделението за планирање, проектирање и пропагациони мерења:

  •  Активности на пропагациони мерења;

  •  Проектирање на нова телекомуникациска врска;

  •  Проектирање на нов радиодифузен објект;

  •  Иницирање на мерењата.

Пропагационите мерења можат да бидат иницирани заради:

  •  Реализација и завршување на нов РД објект;

  •  Согласно со годишниот план за мерења;

  •  Записник за утврдена неправилност од страна на АЕК;

  •  Барање од Советот за радиодифузија.

Главни активности на одд. ИТ се:

  •  Проектирање и реализација на информатичката хардверска и софтверска инфраструктура;

  •  Одржување на информатичката хардверска и софтверска инфраструктура;

  •  Архивирање на податоци од значење на НРД и создавање резервни копии на податоци (Beck up);

  •  Обука и изготвување упатства за користење на ресурси;

  •  Администрирање со web – страна;

  •  Логистичка ИТ поддршка на корисниците на ИТ инфраструктурата;

  •  Доделување привилегии;

  •  Останати услуги во работењето на НРД во доменот на ИТ.