Со цел реализација на препораките од влада на Република Северна Македонија ЈРП МРТ да отпочне со емитување на нов детски канал (програмски сервис) “МРТ5“ како и долго најавуваниот Спортско – забавен канал (програмски сервис) “МРТ3“, наменет за поширока публика, ЈП НРД-Скопје преку сериозен инвестициски зафат и елиминирање на контингенции овозможи инкрементална промена и достигнување на целите.
Апологетите на ЈП НРД-Скопје благодарејќи на пермисивниот карактер креираа неопходна синергија со техничките лица од ЈРП МРТ преку еден терминолошки плурализам. Инкорпорирањето на новите сервиси МРТ3 и МРТ5 со веќе постојните МРТ1, МРТ2, Собраниски канал, опфаќаше комплетно пресетирање на Headend-от за DVB-T во Центарот за врски при ЈП-НРД-Скопје, оптимизација на процесите и контрола на квалитет на сигналите.
Емитуваните сигнали се со висок квалитет, висока (HD) и стандардна (SD) резолуција, спакувани во два транспортни стримови т.н. мултиплекси и истите овозможуваат остварување на базичните и инструментални вредности за граѓаните на РСМ.