- Апр 06, 2022
ЈП МРД успешно го воведе DAB+ системот кој е способен да ги задоволи сегашните и идни потреби на ЈП МРД како и да овозможи воведување на нови сервиси кои ќе произлезат со процесот на дигитализација во радиодифузијата.
DAB – Digital audio broadcasting е дигитален радио стандард за емитување на дигитални аудио радио услуги кој се користи во многу земји во светот.
Со почеток на изградбата на DAB+ мрежа на територијата на Р.С.Македонија се обезбедува:
- квалитетен дигитален радио сигнал и можност за користење на сите долопнителни сервиси што ги овозможува ова современа технологија;
- со имплементацијата на DAB+ би значело исполнување и следење на Заклучоците од Женевската конференција за воведување на дигитално радио. Ова би значело приближување на Р.С.Македонија до Европските стандарди во областа на радиокомуникациите;
- ослободување на сериозен број аналогни фрекфенциии и можност за нивна примена за други услуги;
- со имплементирање на DAB+ и исклучување на аналогната техника значително ќе се намали потрошувачаката на електрична енергија (преку 50% од досегашната потрошувачка на електрична енергија);
- со воведување на ова мрежа се создаваат предуслови за комерцијално работење на ЈП МРД согласно промените на Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на ЈП Македонска Радиодифузија, а исто така и поголема финансиска стабилност на самото претпријатие;
- со реализација на проектот дигитализација на ЈП МРТ би се овозможиле квалитетни преноси од значајни настани и емитување на програма со многу подобри аудио и визуелни ефекти.