Секторот за развој и инвестиции ги содржи следните одделениа:
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПЛАНИРАЊЕ, ПРОЕКТИРАЊЕ И ПРОПАГАЦИОНИ МЕРЕЊА
– ОДДЕЛ ЗА ПЛАНИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ
– ОДДЕЛ ЗА ПРОПАГАЦИОНИ МЕРЕЊА И КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ НА СИГНАЛ
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ ТЕХНОЛОГИИ И ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Годишен план на активности во одделението
Раководителот на одделението за планирање, проектирање и пропагациони мерења, изготвува: Годишен план на активности за наредната годинана (во слободна форма) и го доставува до раководителот на Секторот за развој и инвестици, кој понатаму го проследува до директорот на одобрување. Прочистениот и одобрен план е основа за реализација на активностите во наредната година.
Активности на одделението за планирање, проектирање и пропагациони мерења:
Активности на пропагациони мерења;
Проектирање на нова телекомуникациска врска;
Проектирање на нов радиодифузен објект;
Иницирање на мерењата.
Пропагационите мерења можат да бидат иницирани заради:
Реализација и завршување на нов РД објект;
Согласно со годишниот план за мерења;
Записник за утврдена неправилност од страна на АЕК;
Барање од Советот за радиодифузија.
Главни активности на одд. ИТ се:
Проектирање и реализација на информатичката хардверска и софтверска инфраструктура;
Одржување на информатичката хардверска и софтверска инфраструктура;
Архивирање на податоци од значење на НРД и создавање резервни копии на податоци (Beck up);
Обука и изготвување упатства за користење на ресурси;
Администрирање со web – страна;
Логистичка ИТ поддршка на корисниците на ИТ инфраструктурата;
Доделување привилегии;
Останати услуги во работењето на НРД во доменот на ИТ.