“ЈП Нацонална Радиодифузија – Скопје” ( во понатамошен текст: НРД) е Јавно претпријатие основано од Владата на Република Северна Македонија со Закон за основање на Јавно претпријатие Македонска Радиодифузија, донесен на 28.01.1998 година. НРД е јавен радиодифузен оператор на територијата на Република Северна Македонија и неговото функционирање е регулирано со Закон за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, Законот за електронски комункации , Законот за радиодифузна дејност како и со Статутот на претпријатието. Јавното претпријатие се грижи за обезбедување, оптимална чујност и гледаност на програмите на територијата на Република Северна Македонија што се емитуваат преку основната радиодифузна мрежа.