Sektori i çështjeve normatike - juridike dhe të përgjithshme dhe i burimeve njerëzore

Секторот за за нормативно – правни и општи работи и човечки ресурси ги содржи следните одделенија:

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА НОРМАТИВНО-ПРАВНИ РАБОТИ

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

  • ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ОПШТИ РАБОТИ

Задача на одделението за правни работи е:

  •  Обезбедува правна поддршка во остварување на правата и обврските на ЈП.

  •  Ја организира и ги следи постапките за решавање на споровите (судски, управни и сл) и спроведува правни анализи во име на ЈП, при што дава извештаи за овие постапки на секои два месеца;

  •  Го застапува ЈП пред надлежните судови, државни органи и сите други институции, согласно насоките на директорот;

  •  Изготвува документи за поведување на постапки пред судски и управни органи, за заштита на интересите на ЈП;

  •  Ја следи законската и позаконската регулатива и за донесените промени доставува известување до надлежните сектори;

  •  Дава мислења и предлози во врска со изменување и дополнување или донесување на законска регулатива поврзана со работата на ЈП;

  •  Им дава мислење на органите на државната управа и други организации и институции по определени прашања поврзани со работата на ЈП;

  •  Го организира работењето на Управниот одбор и Надзорниот одбор, во однос на почитувањето на утврдените права и обврски од правен аспект, согласно донесените акти;

  •  Ја контролира и организира подготовката на актите што ги донесува директорот, управниот одбор и надзорниот одбор;

  •  Води посебна писмена евиденција за работата на управниот и надзорниот одбор, и посебна евиденција за донесените акти;

  •  Ги следи задолженијата од страна на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, АЕК и др, во делот на задолженијата спрема ЈП;

  •  Дава коментари и препораки до Одделението за јавни набавки во врска со подготвените прописи дава објаснување за примената на законите, подзаконските акти и сл односно дава мислење во врска со правата, должностите и обврските на ЈП согласно закон за јавни набавки;

  •  Дава мислење на постапките за набавка на стоки, услуги и работи за потребите на ЈП од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива,

  •  Ги изготвува договорите за јавни набавки, договорите за закуп, договорите за работа, договорите за деловно техничка соработка и сите останати договори со кои се регулираат права и обврски на ЈП;

  •  Изготвува документи за назначување на вработени лица во делот на реализација на склучените договори;

  •  Дава толкување на спорни одредби во делот на склучените договори;

  •  Поведува постапки за регулирање на имотно-правните односи во делот на сопственоста, владението, користењето и сл, на ствари од страна на ЈП;

  •  Водење на посебен регистар за целата документација во делот на имотно правните работи;

  •  Ја води, контролира постапката за вработување согласно Законот за работните односи и останатата позитивна законска регулатива

Задача на одделението за општи работи е:

  •  Да се уредова начинот на работа во одделението за општи работи;

  •  Да ја води процедурата за да се планираат, организираат и реализираат активностите на јавните набавки со цел да се обезбеди ефикасно, транспарентно, непристрасно, еднаков однос према сите страни, исто така и комуникација према сите економски оператори, со навремено и правилно набавување на стоки, услуги и работи;

  •  Да се води процедура и евиденција за примена на мерките за безбедност и здравје при работа;

  •  Да се води процедура и евиденција за примена на мерките за здравствена заштита;

  •  Да се води евиденција за противпожарна заштита;

  •  Да го утврдува начинот на евиденција, контрола, анализа и користење на службените превозни средства;

  •  Да се води процедурата со која се уредува начинот на работа и правилата на постапувањето со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење;

  •  Одржување на хигиена во службени простории.