Се известуваат гледачите на ТВ програмските сервиси на МТВ од РДО Водно, дека поради дефект на предавателните уреди не се во можност истите да ги следат. Екипите на ЈП Национална радиодифузија-Скопје се оневозможени да интервенираат на отстранување на дефектот, поради недобивање на Дозвола за движење на возила на ЈП Национална радиодифузија-Скопје до забранети зони на Водно, која ја издава Град Скопје. ЈП Национална радиодифузија во неколку наврати бараше дозвола од Град Скопје, но сите поднесени Барања беа одбиени. Се надеваме дека Град Скопје ќе наиде на разбирање и ќе се создадат услови за надминување на настанатата ситуација, се со цел извршување на законската дејност на претпријатието и сервисирање на обврските кон граѓаните на Република Северна Македонија.