
Директорот Ендрин Кадриу денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања учествуваше на средбата организирана од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричич.
На средбата учествуваа претставници од Агенцијата за електронски комуникации, А1, Телеком, надлежната национална канцеларија за broadband и Министерството за информатичко општество и администрација.
Целта на средбата беше да се разговара и информира за тарифите за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и со Европската Унија, како и Wi-Fi локациите на јавните простори на Западен Балкан, како иницијатива на Европската комисија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан.