
Денеска, на 10.05.2021 година, Директорот на ЈП Национална Радиодифузија, Д-р. Фестим Халили, реализираше средба со директорот на Агенцијата за електронски комуникации, г. Јетон Акику.
На денешната средба тема на дискусија беа координација и систематизација на активностите во интерес на граѓаните и заедничките области на нашите две институции.
Дигитална европска агенда за Западен Балкан претставува јадро за олеснување на животот на граѓаните која се заснова на:
- Инвестиции во поврзување на бродбенд мрежа (широк опсег)
- Зголемување на сајбер безбедноста и автоматизација на индустријата
- Зајакнување на дигиталната и социјалната економија
- Унапредување и поттикнување на истражувањата и иновациите