Процесот на премин од аналогна на дигитална телевизија траеше околу 3 години, а НРД во тој период го исполни условот, дефиниран од Европската Унија, со кој беше предвидено преминот да трае до јуни 2012 година. По овој период со исклучување на аналогната телевизија се добија нови слободни фреквенции со што се овозможи користење на дигиталната дивиденда 1.
Следеше воведување на телевизија со висока резолуција (HDTv) која бара поголем проток. Стандардот MPEG-4 part 4 беше погоден за воведување на HDTv.
Меѓутоа во тој случај ЈП НРД би требало да добие уште еден мултиплекс со цел да ги задоволи барањата.
Дигиталната земска телевизиска мрежа (или скратено DVB-Т мултиплекс) е комплексен систем кој се состои од повеќе дела:
- Инфраструктура: пристапни патишта, изградени објекти, довод на електрична енергија од главната енергетска мрежа на Република Северна Македонија и резервно напојување со помош на агрегати и батерии.
- Преносни врски (во конкретниот случај микробранови дигитални) за дотур на радио и телевизиски сигнали од студијата на ЈП МРТ до DVB-Т предавателите. Истата мрежа (двонасочно) се користи и за дотур на радио и телевизиски сигнали од територијата на Република Северна Македонија до студијата на ЈП МРТ.
- Мрежа на радиодифузни предаватели и репетитори за зрачење на мултиплексниот сигнал;
- Антенски системи кои се состојат од антенски столбови, мултиплексери, кабли и антени.
Во Северна Македонија следните фреквенциски опсези се наменети за радиодифузна служба:
звучна радиодифузија
- 148.5 – 283.5 kHz LF
- 526.5 – 1606.5 kHz MF
- 5950 – 26100 kHz HF
- 87.5 – 108.0 МHz FM
аналогна ТВ (терестријална)
- 47 – 68 MHz TV Band I
аналогна ТВ (терестријална)
- TV Band III – DVB–T дигитална ТВ (терестријална)
- TV Band III – T–DAB дигитална звучна радиодифузија
- 174 – 240 MHz TV Band III
аналогна ТВ (терестријална)
- TV Band IV/V – DVB–T дигитална ТВ (терестријална)
- 470 – 862 MHz TV Band IV/V
дигитална звучна радиодифузија
- 1452–1479,5 MHz L-Band – T-DAB
Звучна радиодифузија
Фреквенциските опсези 148.5 – 283.5 kHz за LF (кратки бранови – звучна радиодифузија) и 5950 – 26100 kHz за HF (долги бранови – звучна радиодифузија) не се користат во Северна Македонија, поради карактеристиките на простирање на електромагнетите бранови со дефинираат голема и далечна сервисна зона.
Фреквенцискиот опсег за 526.5 – 1606.5 kHz за MF (средни бранови – звучна радиодифузија) се користи според одредбите од меѓународниот план GE75. Од сите доделби за Северна Македонија од Планот GE75, единствено се користи доделбата 810 KHz за предавателот Овче Поле кој ја емитува првата програма на МРТВ со израчена моќност од 1,2 MW.
Фреквенцискиот опсег 87.5 –108.0 МHz за FM – звучна радиодифузија во Северна Македонија се користи според одредбите од меѓународниот план GE84. Во овој опсег моментално се извршени доделби за 3 мрежи на националниот радиодифузен сервис, 3 мрежи за комерцијалните радиодифузни друштва како и доделби за сите трговски радиодифузни друштва кои работат на локално ниво. Во рамките на CEPT постои иницијатива за дигитализација на опсегот со комплетно репланирање на Планот GE84 во целиот Регион 1 на ITU.
За T-DAB на меѓународно ниво извршена е распределба на фреквенциски блокови, при што за опсегот 1452 -1479,5 MHz важи Планот WI95/Rev.CO07, додека доделбите на фреквенциски блокови за фреквенцискиот опсег 174 – 230 MHz се регулираат со меѓународниот план GE06. Територијата на Северна Македонија за планот GE06 е поделена во 2 зони на распределба за кои доделени се по 2 фреквенциски блока за 2 нивоа на покриеност, како и 2 дополнителни фреквенциски блокови за главниот град Скопје, како што е дадено во следната табела (Табела 1).
Телевизија
Опсегот 47–68 MHz (VHF–Band I) е наменет за радиодифузна служба на примарна основа и за радиолокација на секундарна основа. Освен тоа, овој опсег е наменет и за копнена мобилна служба за владини корисници на секундарна основа.
Владините корисници користат фреквенции во опсезите определени за заедничко користење во координација со Агенцијата за електронски комуникации. Работата на мобилните радиостаници на владините корисници во опсегот 61–68 MHz не смее да предизвикува пречки во приемот од радиодифузната (ТВ) станица Пелистер.
Опсегот 47– 68 MHz има 3 ТВ канали (2, 3 и 4) со широчина на канал од 7 MHz кои го користат системот PAL B.
Телевизиските канали од опсегот 47 – 68 MHz користат вид на емисија за слика C3E, а за тон F3E или F8E. Останатите параметри на секоја аналогна телевизиска станица се содржани во ажурираната верзија на Планот за телевизија и звучна радиодифузија на Регионалната спогодба за европската радиодифузна зона “Стокхолм -61” (ST61). Во тек се истражувања и предлози за пренамена и воведување на други радио служби во овој опсег.
Опсегот 174–230 MHz (VHF–Band III) е наменет за радиодифузната служба. Овој опсег, освен за аналогна терестријална телевизија, е наменет и за дигитална терестријална звучна радиодифузија (T-DAB) и дигитална терестријална телевизија (DVB-T).
Опсегот 174–230 MHz има 8 ТВ канали (од 5–12) со широчина на канал од 7 MHz кои го користат системот PAL B за аналогна телевизија. За дигитална терестријална телевизија (DVB-T) се наменети каналите 5,6,7,8,9 и 10, додека за терестријална звучна радиодифузија (T-DAB) се наменети каналите 11 и 12. Каналната распределба за DVB-T според планот GE06 е дадена во следната табела.
Во услови на целосно исклучена аналогна телевизија, Република Северна Македонија располага со ресурси за доделување на фреквенции за изградба на максимум 8 DVB-T-мрежи на национално ниво во 8 SFN зони на распределба при што за одредени зони на распределба меѓународно се координирани 1 до 2 дополнителни радиофреквенции. Тоа значи еквивалент од 80 национални SDTV програми. Ова дава простор за префрлање на комплетната тековна телевизиска понуда од аналоген во дигитален формат, но уште поважно дава можност и за збогатување на медиумскиот пазар со новопонудени SDTV/HDTV-сервиси, паневропски, иновативни сервиси итн. Во следната табела (табела 3) е даден планот за доделба на мултиплексите (Диги плус мултимедиа, ЈП НРД и нов оператор) кој целосно ќе се применува по исклучувањето на аналогната телевизија.
- MUX 1, 2 и 3 се доделени на Диги Плус Мултимедија за платформа со условен пристап (односно „Pay-TV“).
- MUX 4 и 5 се доделени на ЈП НРД за пренос на програмите на ЈП МРТ.
- Останатите MUX 6, 7 и 8 ќе се користат за емитување на комерцијалните радиодифузери:
- MUX 6 ќе се користи за национално покривање, односно за емитување на комерцијалните радиодифузери на национално ниво.
- MUX 7 ќе се користи за емитување на регионално ниво, односно емитување во зона на распределба. На тој начин ќе се овозможи сегашните локални
- радиодифузери да можат да станат регионални. За регионализација на сегашните локални радиодифузери Советот за радиодифузија треба да изврши промена во дозволите за емитување. Напоменуваме дека во зоната на распредлеба Д1 Црн Врв во која спаѓаат градовите Скопје, Велес, Кавадарци и Свети Николе, постоечките локални рaдиодифузери не можат сите да преминат во регионални, бидејќи нивниот број го надминува капацитетот на еден мултиплекс.
- MUX 8 засега не е доделен
Програмите на ЈП МРТ мора да се емитуваат како сигнали за општ јавен прием („free to air“ – бесплатно), додека трговските радиодифузни друштва имаат право да избираат преку каква платформа ќе бидат емитувани.
Пренос на MPEG преку Ethernet
Во последните години Интернет сообраќајот и IP сервисите доживуваат огромна експанзија, проследена со развој на широкопојасните пристапни технологии и мултимедијални апликации со интензивен сообраќај. SDH мрежите се оптимизирани за предвидлив сообраќај, базиран на комутација на канали, со малки вариации во текот на времето. Стандардните SDH мрежи се неефикасни за пренос на избувлив податочен сообраќај. Една од можностите за поефикасно искористување на капацитетот на SDH транспортните мрежи при пренос на податоци (пакетски комутиран сообраќај) е користење на Ethernet овер SDH технологијата.
Едноставноста и скалабилноста се две најважни карактеристики на Ethernet технологијата. Иако Ethernet технологијата веќе поддржува неколку различни сообраќајни приоритети (говор, видео, податоци) во локалните мрежите, направен е исчекор во имплементацијата на Ethernet-от во MAN и WAN опкружување, обезбедувајќи квалитет на сервисите (QoS), скалабилност на мрежата, сообраќаен инженеринг (load balancing), расположивост и добри ОАМ (Operation, Administration and Maintenance) карактеристики.
При вклучувањето на Ethernet технологијата за пренос на MPEG видео и аудио формати во телекомуникацискиот систем на НРД може да се користи пренос на Ethernet преку SDH со користење на генеричка процедура за врамување (GFP) и шема за нагодување на капацитетот на линк (LCAS) на рабовите од SDH мрежата. Новите MPEG кодери/декодери веќе се произведуваат со Ethernet интефејс. Со ова се овозможува нивно едноставно приклучување во податочна (Ethernet/IP) мрежа, преку стандардни Ethernet порти на свич или рутер. Бараниот квалитет на сервис за MPEG сообраќајот се обезбедува преку QoS механизмите во IP switch-овите/ рутерите доделувајќи различен приоритет на секој тип на сообраќај. За пренос на Ethernet рамките ќе се алоцираат 34 Mbps од проширениот капацитет на телекомуникацискиот систем на НРД. Врамувањето на Ethernet сообраќајот во SDH мултиплексот ќа се изврши преку инсталирање на дополнителни Ethernet интерфејсни модули во “шасиите” на SDH мултиплексната опрема.
На слика е даден пример за изведба на мрежа која ќе поддржи пренос на MPEG преку IP мрежа, користејќи ја SDH како транспортна технологија.