
- Мај 24, 2025
Во исклучително важна одлука, Асоцијацијата на радиодифузни оператори од Балканот (MBT) ѝ го додели домаќинството на престижната МБТ конференција за 2026 година на РС Македонија. Ова е историски исчекор за нашата земја, која како нова – но веќе активна – членка на Асоцијацијата, ќе го предводи најголемиот годишен настан во областа на медиумските технологии и јавната комуникациска инфраструктура во регионот.
Организирањето на конференцијата во Скопје не е само логистички успех, тоа е стратешка победа за ЈП Национална радиодифузија, институција која со визија и посветеност го зацврстува својот регионален и европски кредибилитет.
Бенефициите од членството и од организацијата на МБТ 2026 се многукратни:
• Пристап до најновите светски технологии во радиодифузијата, 5G емитување, дигитална енергетска ефикасност и хибридни медиумски платформи.
• Промоција на Р Северна Македонија како регионален технолошки хаб, подготвен за дигиталната трансформација.
• Мрежа на соработка со најрелевантни актери: јавни сервиси, технолошки гиганти, регулатори и иноватори.
Конференцијата ќе донесе врвни говорници, клучни партнери и инвестициски можности, кои можат да го катапултираат развојот на јавниот медиумски сектор, oва не е само конференција. Ова е сцената на која Република Северна Македонија ќе покаже дека е подготвена не само да следи, туку и да води.