- Јун 03, 2026
Во периодот од 1 до 3 јуни 2026 година, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје успешно се одржа МБТ Конференцијата 2026, во организација на ЈП Национална Радиодифузија.
Како регионална платформа за соработка меѓу операторите на радиодифузни мрежи и инфраструктура, МБТ Асоцијацијата и оваа година обедини претставници на водечките компании, институции, експерти и партнери од регионот и пошироко, со цел размена на искуства, следење на технолошките трендови и заедничко справување со предизвиците во областа на радиодифузијата и електронските комуникации.
Во текот на конференцијата беа обработени повеќе актуелни теми, меѓу кои преносните мрежи од следната генерација, DAB+, развојот и примената на 5G Broadcast, сигурноста на преносните мрежи и критичната инфраструктура, управувањето со радиофреквенцискиот спектар во согласност со европските политики, како и енергетската ефикасност и одржливоста на радиодифузните системи.
Директорот на ЈП Национална Радиодифузија, Јусуф Сопи, изразува искрена благодарност до сите учесници, предавачи, партнери, спонзори и гости кои придонесоа за успешната реализација на МБТ Конференцијата 2026.
Ви благодариме што бевте дел од MBT 2026.









































