Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр. 03/2026 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП Национална Радиодифузија Скопје, известува дека на ден 23 јануари 2026 година (петок) со почеток во 14:00 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Стара сала за седници, ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.