Денес директорот на Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје, г. Јусуф Сопи, и директорот на Центарот за управување со кризи, г. Мухамед Али,потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој Меморандум се воспоставува партнерство помеѓу двете институции со цел унапредување на системот за превенција и рано предупредување од цивилни ризици и опасности, како и поефикасно справување и отстранување на последиците од цивилни несреќи и катастрофи.
Оваа соработка ќе придонесе за побрза и посигурна размена на информации, подобра координација и навремено информирање на јавноста во ситуации кога е загрозена безбедноста на граѓаните.