Директорот на ЈП НРД одржа работна средба со министерот на МИОА
Apr 07, 2022
Директорот на ЈП Национална Радиодифузија- Ендрин Кадриу, заедно со помошник директорот- Абдула Бајрами, денеска во просториите на МИОА имаше работен состанок со министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.
На состанокот се разговараше за можностите за унапредување на соработката, а меѓу темите кои беа опфатени беа можноста за активирање на DAB+ (Digital Audio Broadcasting), четврти канал на Македонското радио и во врска со Национален оперативен broadband планот.