
- Апр 21, 2022
Вчера 21.04.2022 година, директорот на Јавното Претпријатие
„Национална Радиодифузија“ Ендрин Кадриу заедно со претседателот на Националната надлежна канцеларија за Broadbend г. Димитар Буковалов, членови на ЦКРЦ, надворешни експерти од областа на телекомуникациите, во просториите на Агенцијата за Електронски Комуникации одржаа работен состанок за Broadbend како еден од главните столбови на
Европската дигитална агенда.


На средбата присуствуваше и ѓ- Сања Фрковиќ – Гелевска, програмски менаџер во Делегацијата на
Европската Унија во Скопје, која силно ја поддржа неговата имплементација.

На средбата се разговараше и за имплементација на државните бесплатни Wi-Fi точки за кои
ЈП НРД е во подготвителна фаза за почеток на имплементација.

Директорот Кадриу се заблагодари за безрезервната поддршка од сите присутни и истакна дека продолжувањето на реализацијата на овие средби многу ќе не доближи до обврските што мора да ги извршиме за да се приклучиме на
дигитализацијата.
