- На денешната седница на Владата се усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен Wi-Fi интернет на отворени јавни простори.
- Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата. За реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог Листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија, согласно Препораките за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини.
- Пристапот до Интернет денес е основна погодност без која не можеме да ја замислиме работата, забавата и културата. Иднината на електронските комуникации лежи во новите услуги кои се неразделно поврзани со пристапот до Интернет.
- Бесплатниот пристап до Wi-Fi е вредна услуга за сите граѓани, но и за странските туристи кои не секогаш имаат пристап до Интернет.
- Бесплатниот државен Wi-Fi интернет треба да се обезбеди на два вида локации – на локации од интерес за туристите и на локации во населби кои припаѓаат на така наречени „Бели зони“.
- Обезбедувањето бесплатен државен Wi-Fi интернет на јавни простори е во согласност со Владината програма за работа за периодот 2020 – 2024 година и Националниот оперативен план за широкопојасен интернет.