Национална Радиодифузија на 13-14.09.2021 год. учествува во Македонскиот Енергетски Форум 2021 ( MEF’21 – Mapping the Energy Future).
Некои поважни Панел дискусии на овој форум се:
Придонесот на Западен Балкан кон “зелениот” договор на ЕУ.
Сеопфатен пристап кон транзиција на чиста енергија.
Идниот развој на обновливите извори на енергија во регионот.
“Зелени” финансии и достапни инструменти за финансирање.
Развојот за имплементација на #обновлива-зелена енергија е еден од методите за голема #Одржливост и во рамките на нашето Јавно Претприатие . Затоа, активно бараме методи за иновативни технологии за обновлива енергија што можат да се применат во рамките на ЈП Национална Радиодифузија.