Говорници
наскоро
Програма
наскоро
MBT конференцијата е водечки регионален настан што еднаш годишно ги обединува клучните чинители од областа на радиодифузијата, вклучувајќи радиодифузни компании и производители на техничка опрема. Нејзиниот континуиран раст и зголемена посетеност ја потврдуваат важноста на конференцијата како платформа за професионално вмрежување и размена на стручни искуства и идеи.
Оваа успешна конференција постојано ги следи најновите трендови, обработува актуелни теми и ги презентира современиот развој и најновите достигнувања во областа на радиодифузната технологија. Организацијата на овогодинешното издание на конференцијата ѝ е доверена на ЈП Национална Радиодифузија, која има значајна улога во развојот и унапредувањето на радиодифузниот систем во Република Северна Македонија.
Ви благодариме што ќе ни се придружите во Скопје, динамичниот главен град и културно срце на регионот, каде заедно ќе разговараме за идните насоки и предизвици во радиодифузијата и телекомуникациите.
Скопје – град што поврзува минато, сегашност и иднина.
За повеќе информации или дополнителни детали, ве молиме контактирајте нѐ на mbt_skopje@jpmrd.gov.mk
Ќе ви одговориме во најкус можен рок.
Зошто да бидете спонзор на МБТ Конференцијата
MBT Конференцијата претставува еден од најзначајните регионални настани во областа на радиодифузијата, телекомуникациите и медиумските технологии. Настанот ги обединува експертите, операторите на радиодифузни мрежи, технолошките компании, производителите на опрема и медиумските организации од повеќе земји.
Со спонзорство на МБТ Конференцијата во Скопје, вашата организација ќе добие можност да се претстави пред меѓународна публика, да воспостави нови партнерства и да ги промовира своите иновативни технологии и решенија.
Меѓународна видливост
Претставете го вашиот бренд пред експерти и компании од повеќе земји.
Вмрежување
Поврзете се директно со радиодифузери, регулатори и технолошки компании.
Презентација на технологии
Претставете ги вашите најнови производи и иновации.
Промоција на бренд
Зголемете ја видливоста преку конференциски материјали и медиуми.
Спонзорски Пакети – МБТ Конференција
- Обезбедување просторен изложбен штанд за промоција и реклама (до 5 м²)
- Банер позадина со лого на спонзорот и лого на конференцијата
- Дозволени временски интервали на обраќање (до 10 минути)
- Промоција на лого на конференцискиот екран и прикажување за време на паузи и говорница
- Промоција на социјалните мрежи на ЈП НРД – Скопје
- Видео промотивен материјал од настанот
- Издвојување на лого во завршниот дел од видеото (благодарност до спонзорот)
- Промотивно лого на линкот на МБТ
- Сопствен рекламен материјал
- Истакнато лого на банер платно над пултот за регистрација
- Испечатено лого на брендирана торба за рекламен материјал
- Благодарница за учеството на настанот
- Обезбедување просторен изложбен штанд за промоција и реклама (до 3 м²)
- Вертикален банер со лого на спонзорот и лого на конференцијата
- Промоција на лого на конференцискиот екран за време на паузи и говорница
- Промоција на социјалните мрежи на ЈП НРД – Скопје
- Видео промотивен материјал од настанот
- Промотивно лого на линкот на МБТ
- Сопствен рекламен материјал
- Истакнато лого на банер платно над пултот за регистрација
- Испечатено лого на брендирана торба за рекламен материјал
- Благодарница за учеството на настанот
- Видео промотивен материјал
- Промотивно лого на линкот на МБТ
- Сопствен рекламен материјал
- Истакнато лого на банер платно над пултот за регистрација
- Испечатено лого на брендирана торба за рекламен материјал
- Благодарница за учеството на настанот
Локација на настанот
Настанот ќе се одржи во Holiday Inn, на само 550 метри од Плоштад „Македонија“. Амбиентот е пријатен и модерен, со топло добредојде и одлична храна што ќе го збогати целокупното доживување.
Гостите ќе имаат можност да уживаат во внимателно подготвена програма, професионална организација и пријатна атмосфера идеална за вмрежување и дружење. Локацијата е лесно достапна и нуди удобност, квалитетна услуга и незаборавно доживување за сите присутни.
За резервација во хотел, на линкот подолу:
https://www.ihg.com/holidayinn/hotels/us/en/skopje/skpmp/hoteldetail
Учесниците на настанот имаат можност за сместување и во Hotel Turist City Center, кој се наоѓа во централното градско подрачје и нуди удобен престој и пријатна атмосфера за сите гости.
Сите заинтересирани учесници може да извршат резервација за 2 ноќевања директно преку хотелот. Хотелот обезбедува квалитетна услуга, удобни соби и вклучен појадок, со што се гарантира пријатно и безгрижно искуство за време на престојот.
Цените за ноќевање со појадок се:
85 € за еднокреветна соба 100 € за двокреветна соба
За резервација, ве молиме контактирајте на следниот е-маил: info@hotelturist.mk
Напомена (информативен карактер):
Наведените хотели се дадени исклучиво за информативни цели и за полесна организација на престојот на учесниците. Сместувањето во Holiday Inn или во Hotel Turist не е задолжително за присутните на настанот.
Учесниците можат слободно да изберат сместување и во други хотели, апартмани или други видови на престој во Скопје. Во централното градско подрачје, особено во близина на Holiday Inn каде што ќе се одржи конференцијата, достапни се бројни можности за сместување.